DGO-сензорот (излезен сигнал со двојно засилување) со формат Super 35 mm генерира HDR во реално време
DGO-сензорот е новосоздаден систем за обработка на слика што создава извонредно јасни и квалитетни слики при слаба осветленост, а нуди и врвни функции за снимање во HDR.
Кај DGO-сензорот, сите пиксели ја вчитуваат сликата со две различни нивоа на засилување, едно високо и едно ниско ниво, кои потоа се спојуваат за да се добие една слика. Вчитувањето со поголемо засилување е оптимизирано за снимање јасни детали во темните зони, а вчитувањето со помало засилување е оптимизирано за снимање детали во светлите зони. Потоа, кога ќе се спојат со прецизност на ниво на пиксели, деталите и квалитетите од осветлените и темните зони ќе се задржат и подобрат, а фотоапаратот ќе може да постигне импресивен динамички опсег до 16+ чекори.
Новиот DGO-сензор е компатибилен и со Dual Pixel AF, што на корисникот му овозможува поголема слобода за да ги сними саканите слики.