Автоматски фокус со Dual Pixel CMOS
RF-приклучокот што е вграден во EOS C70 нуди совршен баланс на оптичко, механичко и електронско инженерство, а снимателите можат да ги искористат придобивките што ги нуди ненадминатиот оптички дизајн, побрзиот автоматски фокус и комуникацијата помеѓу фотоапаратот и објективот што се добива како резултат на технологијата RF. Благодарение на овој револуционерен систем RF за пренос на податоци, постоечката технологија DPAF се издигнува на ново ниво.
За дополнително прилагодување на перформансите на AF, EOS C70 нуди опција за поставување на брзината за следење и одзивот на AF.
Новодизајнираниот кориснички интерфејс за директна контрола со допир овозможува брза контрола врз поставките на екранот, прилагодување различни параметри и активирање/запирање на снимањето. Сето тоа е можно со допирање со прст.