Професионални и практични функции

EOS C70 е опремен со функции како автоматско ISO, вертикално снимање, директна контрола со допир и електронска стабилизација на слика. Зачекорете во нова ера на креативност и снимање.
EOS C70, снимање видео преку LCD-екранот, контроли на допир

Директна контрола со допир

EOS C70 има новодизајниран и интуитивен интерфејс за директна контрола со допир што овозможува брз пристап и контрола на поставките на екранот. Треба само да ги допрете опциите што сакате да ги промените, а потоа да ги прилагодите со движење на прстот.

EOS C70, директна контрола со допир, автоматско ISO, автоматско засилување

Автоматско ISO и автоматско засилување

EOS C70 нуди автоматско ISO/засилување за рамномерни промени и автоматски ја прилагодува чувствителноста при преминување од темни во светли простории и обратно. Поставете го прагот со избирање на границата за ISO, а камерата ќе се погрижи за останатото: уште една грижа помалку при снимањето, за да можете да се фокусирате на доловувањето на моментот.

Вертикално снимање

Освен отворите за прикачување статив што се наоѓаат на долната страна на камерата, достапен е и друг отвор на држачот што го олеснува долготрајното снимање на вертикални содржини - независно дали е монтирана на статив или механизам за стабилизација.

Оваа опција за вертикално снимање нуди флексибилност при снимање содржини за преносливи паметни уреди или при снимање вертикални реклами. Треба само да ја изберете ориентацијата во која сакате да снимате во менито - или доделете ја функцијата на приспособливо копче за да добиете уште побрз пристап (метаподатоците за ротација се поддржани само во MP4-снимки).

Вертикално снимање, EOS C70
вертикално снимање, EOS C70

Поддршка за вградена електронска стабилизација на слика

EOS C70 е првата камера Cinema EOS што поддржува систем за стабилизација на слика што соработува со објективите со RF-приклучок. Таквиот систем им овозможува на камерата и објективот да работат обединето за да обезбедат најдобри резултати. Оптималната стабилизација на слика се постигнува при користење на RF-објектив во комбинација со електронската стабилизација на слика вградена во EOS C70. Подобрени се и перформансите за спречување вибрации во однос на стандардните EF-објективи + електронска стабилизација на слика.

RF објектив

Ако прикачите RF-објектив директно на фотоапаратот, тогаш објективот и куќиштето ќе работат обединето за да обезбедат оптимални перформанси.

Вградена електронска стабилизација на слика кога се користи RF-објектив

EF објектив

Ако прикачите EF-објектив преку адаптерот EF-EOS R, тогаш објективот и куќиштето ќе вршат стабилизација независно.

Независна стабилизација на објективот и куќиштето

Поддршка за анаморфни објективи

EOS C70 поддржува анаморфни објективи преку поништување на собирањето на сликата што се прикажува преку LCD-екранот и излезниот HDMI-сигнал. Камерата поддржува користење на анаморфни објективи што ја собираат сликата за 1,3x и 2x.

Можност за вертикално снимање, EOS C70

Дали сакате да ве контактира претставник на Canon?

Пополнете го краткиот формулар за да побарате да ве контактира специјалист за производи од Canon.

Слични написи

Снимање во 8K и во 4K со прекумерно семплирање со EOS R5 од Canon

Во првите сесии за снимање со EOS R5 од Canon, Martin Bissig и Ivan D’Antonio открија како неговите функции за 8K го намалуваат времето на снимање и ги зголемуваат креативните опции.

Жена во областа на снимање: навлегување во бизнисот

Врвни женски сниматели откриваат како успеале во филмскиот бизнис и нудат совети за жените кои сакаат да го следат нивниот пример.

Прво снимање со EOS C70 од Canon

Jolade Olusanya објаснува како ја користел камерата Cinema EOS со RF-приклучок од Canon за да сними прекрасен филм за поетесата Sophia Thakur.

EOS C70: запознајте се со новата камера Cinema EOS со RF-приклучок

Нов приклучок, нов дизајн, нови можности… Дознајте како компактната и моќна камера со формат Super 35 mm од Canon може да ги зголеми вашите креативни опции.