ПРИДОБИВКА
CMOS-сензор за целосна слика
EOS C700 FF нуди режим за голем формат, Super 35 mm и анаморфен режим. Освен со објективи за целосна слика, тој може да се користи и со објективи дизајнирани за форматот Super 35 mm.
AF-системот Dual Pixel CMOS AF на Canon им овозможува на корисниците сигурно и едноставно фокусирање на објектите додека се движат низ целиот кадар, а нуди и функција за помош при рачно фокусирање.
Уникатната технологија за автоматско фокусирање на Canon е дизајнирана за фокусирање со следење со високи перформанси. CMOS-сензорот содржи две индивидуални фотодиоди што се читаат посебно при автоматско фокусирање со откривање на фаза, а заедно при снимање. Технологијата Dual Pixel CMOS AF може да се примени на повеќе од 80% од ширината и висината на кадарот и нуди голема прецизност без да го намали квалитетот на сликата.
Технологијата за AF со откривање на лице може да следи лица на луѓе во кадарот и да го задржи фокусот врз нив.
Функцијата за прилагодување на автоматскиот фокус во менито му овозможува на корисникот да ги дефинира брзината и чувствителноста на AF, добивајќи можност да постави поприродно фокусирање со поголема флексибилност и контрола.
Нуди графички водич што претставува поместување на фокусот нанапред/наназад. Правоаголникот ќе светне во зелена боја кога објектот ќе биде во фокус, овозможувајќи рачно поместување на фокусот.
ПРИДОБИВКА
EOS C700 FF нуди режим за голем формат, Super 35 mm и анаморфен режим. Освен со објективи за целосна слика, тој може да се користи и со објективи дизајнирани за форматот Super 35 mm.
ПРИДОБИВКА
Од објективи со EF-приклучок за целосна слика од Canon што користат Dual Pixel CMOS AF (автоматски фокус) па сè до PL-приклучок и опциите B4 (потребен е адаптер од B4-кон-EF/PL).
ПРИДОБИВКА
C700 поддржува различни криви за функциите Log, простори на бои и индустриски стандарди за да обезбеди максимален квалитет на слика.
ПРИДОБИВКА
Вградените ND-филтри, можноста за проследување преку IP и изборната дополнителна опрема за контрола на камери овозможуваат флексибилно ракување со камерата.