Производ

Врвни резултати со буџет за еден снимател при користење на EOS C200 од Canon

Group of people pouring coulored powder on a woman.

Режисерот David Newton раскажува за самостојното снимање на „Trash the Dress“ со флексибилната и мала камера EOS C200

David Newton беше возбуден да ја тестира новата камера EOS C200. Неговиот краток филм, „Trash the Dress“, максимално ги искористи разновидните опции и потенцијалот за самостојно снимање на камерата: монтирајќи ја на ротирачки механизми за стабилизирање и на дронови и целосно искористувајќи ги нејзините напредни функции за автоматско фокусирање.

David Newton се опишува себеси како „фотограф-режисер. Јас почнав како фотограф, па преминав на снимање видео со DSLR фотоапарати и се развивав во зависност од тоа што го бараа проектите“.

Преминувајќи од DSLR фотоапарати со функција за снимање на палетата Cinema EOS, Newton водеше обука за камери од Canon и сакаше да ја тестира новата камера EOS C200 што е можно поскоро.

„Проектот се реализира бидејќи Canon сакаа да ја тестираат камерата C200 и сакаа човек кој преминал од DSLR фотоапарати на снимање филмови. Камерата е соодветна за врвни работни процеси во опкружувања со голема продуктивност, како и за самостојни сниматели или за работа со мала екипа поради нејзината ергономија”. Тоа, вели Newton, е негова специјалност. „Најчесто работам сам или со мала екипа. Многу полесно ми е кога работам сам.” Бидејќи претходно ја користеше C200 на проект во Дубаи, Newton „имаше искуство со камерата.”

Говорејќи за комбинацијата од компактен и лесен уред со вградена опција за висококвалитетно снимање во Cinema RAW Light, Newton ја опишува камерата како „мал уред со голема моќ. Омилена функција ми е внатрешното снимање во 4K RAW - фантастична функција. Според цената и големината оваа камера е од средна класа, но квалитетот што го нуди форматот RAW е од врвна класа. Ние сме навикнати да снимаме во MP4-формат, кој е еквивалентен на JPEG-форматот во фотографирањето, со многу ограничена резолуција, но сега добиваме динамички опсег со петнаесет чекори (од обработената датотека во форматот Cinema RAW Light)“. Ова, коментира Newton, го прави високиот динамички опсег реалистична опција и ги зголемува можностите во обработката по снимањето. „Доколку сакате, можете да преминете во работен процес на HDR. А, кога работите во Rec709 добивате многу поголема флексибилност во резолуцијата и можност за поправање ако направите грешка (што не му се случува на никого!)”

Newton веднаш ја препознава вредноста на RAW и на компресираното снимање. „Го имате форматот RAW, но имате и можност да снимате со пониска резолуција. Може да снимате во формат со врвен квалитет и во компресиран формат. Доколку ја поставите камерата правилно, ќе добиете извонредни резултати во MP4-формат. Меѓутоа, доколку поголем дел од снимањето ви е со спојување содржини врз основа на тонови на бои, тогаш подобро ќе биде да снимате во форматот RAW за дополнителните податоци. Луѓето кои ќе снимаат со кодек од пониска класа ќе снимаат свадби и настани за кои не треба да генерираат огромна количина податоци или да ги имаат функциите за обработка на RAW формат“.

Canon video camera in action

Повеќе од сензор и формат за снимање

Newton е особено воодушевен од функциите за автоматско фокусирање на C200. „Системот за автоматско фокусирање Dual Pixel CMOS е извонреден. Малку е тешко да се премине од рачно фокусирање, што сме го користеле со години, на камера со автоматско фокусирање кое е сигурно и кое можете да го користите“. Овој систем за фокусирање ги користи придобивките од екранот на допир на C200 кога се избира фокусна точка, создавајќи прилично флексибилен систем што ја намалува потребата од посебен оператор за фокусирање.

За ситуации во кои рачното фокусирање е неизбежно, Newton е воодушевен и од водичот за фокусирање со технологија Dual Pixel. „Избирате фокусна точка и околу точката се појавуваат стрелки за да знаете дали користите преден или заден фокус. Ако сакате да работите со примарни објективи Cine, тогаш ќе треба да го потврдите фокусот“. Меѓутоа, со EF-објективите „не ви е потребен оператор за фокусирање и не треба да поставувате посебен систем за контрола на фокусот. Поради тоа, камерата е поподвижна и можете да работите многу побрзо“. Сеќавајќи се на DSLR фотоапаратите со функција за снимање, Newton е среќен што може да го користи системот на наменска филмска камера. „Камери како 7D Mk. II го имаат овој систем подолго време и добро е да се види и на филмска камера”.

Group of people laughing whilst pouring coloured powder on woman

Комбинацијата од оптимизиран распоред на контроли и поврзување и познато мени овозможува едноставно ракување. „Сите копчиња се на левата страна, а сите приклучоци на десната. Нема копчиња на незгодни места. Сите се групирани заедно. Ракувањето е брзо и едноставно и секој кој снимал со камера од Canon - DSLR или Cinema EOS – ќе биде запознаен со поставувањето. Менијата се распоредени на истиот начин, копчињата се наоѓаат на истото место и се соодветно означени”.

Со оглед на малку непредвидливиот карактер на снимањето на „Trash the Dress“, Newton особено ја ценеше компактноста на C200. „Таа одлично се балансира на „Ronin“ и на долната страна од DJI 1000 - всушност, ротирачки механизам за стабилизирање монтиран под дронот - и функционира извонредно. На камерата може да се поставуваат различни додатоци што отвора нови креативни можности.”

Поради големата чувствителност што ја нудат модерните камери постои потреба од филтер со неутрална густина, но на ротирачки механизам за стабилизирање големината и тежината на сенилото може да биде непрактична, па Newton имаше пофални зборови за опцијата за внатрешен ND-филтер со десет чекори. „Доколку започнете да снимате во RAW и сакате најдобар динамички опсег, тогаш ќе треба да користите ISO 800. Опцијата за ND-филтер со два, четири, осум или десет чекори ви овозможува практично снимање без многу додатоци”.

КАМЕРАТА ПРИЛИЧНО МЕ ИМПРЕСИОНИРАШЕ И НАСКОРО ЌЕ СТАНЕ ДЕЛ ОД МОЈАТА ОПРЕМА

„Камерата прилично ме импресионираше“, завршува Newton, потврдувајќи дека „наскоро ќе стане дел од мојата опрема. Толку уживав додека ја користев и резултатите беа толку добри што доколку работата би ви била многу полесна со ваков вид на камера, воопшто не треба да се мислите дали да ја купите. Од целата палета на Cinema EOS, оваа камера е најсеопфатен уред. Кога работите сакате камерата да се прилагоди на вас, а не вие да се прилагодувате на неа. Има толку многу работа на едно снимање, па ако можете да си ја олесните ќе заштедите и време. Времето за продукција е секогаш кратко“.

За да се вратите на прегледот на EOS C200 кликнете тука

Напишано од James Bennett, Televisual Media UK Ltd


Слично