Производ

Жива и динамична музика со EOS C200 од Canon

Canon video camera in action whilst filming ricky patel with his guitar.

Со новата камера EOS C200, продуцентот Patrick Greaves и директорот на фотографија Ricky Patel снимија музички перформанс во живо во 4K HDR со снимка како во кино и минимално осветлување

Во суштина, повеќето кратки филмови кои прикажуваат музичари се фантазија, затоа што на повеќето музички спотови музичарите пеат на плејбек. „Mahogany Sessions“ се вистински контраст на ова: нивната цел е да создадат филмски приказ на вистински, жив перформанс, фотографиран во стил што ја надополнува реалноста на ситуацијата, а сликата да остане драматична и интересна.

Продуцентот Patrick Greaves и директорот на фотографија Ricky Patel се редовни соработници на „Mahogany Sessions“. Секоја музичка изведба се снима во еден кадар, што Greaves го опишува како „снимање на нешто реално и органско. Музичките изведби ни даваат можност да се запознаеме со најдобрите нови и докажани таленти со извонреден визуелен приказ на перформансите во живо“. За снимањето на лондонскиот музичар Alfa Mist, Greaves и Patel ја избраа камерата EOS C200 од Canon поради нејзината комбинација од одличен сензор со висок динамички опсег, вградено снимање на RAW и компактни димензии. Greaves продолжува, „камерата може да ја користиме со различни додатоци, вклучувајќи ги и додатоците со стабилизација како Movi Pro. Камерата C200 може да се користи на различни начини; таа може да се приспособи на секое опкружување“.

C200 МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ НА РАЗЛИЧНИ НАЧИНИ И ДА СЕ ПРИСПОСОБИ КОН СИТЕ ОПКРУЖУВАЊА ВО КОИ ТРЕБА ДА СЕ КОРИСТИ.

Фотографирањето се одржа на 8 септември 2017 година на локација во театарот Normansfield, место во Langdon Down Centre во Тедингтон. Greaves го опишува местото со пофални зборови, споменувајќи го неговиот визуелен и акустичен раскош. „Тоа е беспрекорно реставриран викторијански театар. Богатиот звук и чувството што го предизвикува оваа локација беа совршени за да се доловат боите во визуелната и музичката изведба“. Со оглед на овие цели, и имајќи ја на ум должината на изведбата, Greaves увиде дека ќе треба „да се користи колку што е можно помала камера и со што поголем број функции”.

Сакајќи да ги прикаже музичарите и историските детали на местото каде што ќе се снима настанот, Patel имаше задача да го осветли просторот за да камерата C200 монтирана на ротирачки механизам за стабилизирање може да се движи низ целиот простор без да има држачи или кабли во кадарот. „Ова беше прилично уникатно снимање“, почнува тој. „Ова беше едно од нашите најдолги снимања затоа што сакавме да го покриеме секој агол“. За тоа беше потребно внимателно позиционирање на музичарите и прецизни ознаки за камерата, иако количината на светлина беше ограничена од потребата да нема опрема во просторот што се снима.

Имајќи го тоа на ум, Patel побара балон за осветлување исполнет со хелиум за снимање над главата, а инаку користеше само еден Skypanel. „Го користевме само тој балон за осветлување со хелиум и еден Skypanel за да го снимиме тапанарот и си игравме со ролетните за да добиеме задоволителен резултат”. Тој користеше и магла за да постигне атмосфера што ќе им биде позната на љубителите на „Mahogany Sessions“ и максимално го искористи матното стакло од прозорците во просторијата. Ова дополнително ја контролираше светлината од надворешниот свет каде контрастот помеѓу ентериерите и екстериерите на дневна светлина е уште потешко да се контролира.

Patel има само пофални зборови за начинот на кој C200 доловува сцена со толку голем контраст. „Јас бев навистина изненаден од сликата, не очекував таков квалитет од камерата… има толку многу информации, фотографската ширина е извонредна“. Тој продолжува, „изгледа многу понапредна од другите камери, многу помека. Со други камери мора да снимате со пониска резолуција, [но] добивате многу понеутрална слика“. Patel избра да снима во форматот Cinema RAW Light на C200 што заштедува простор, ѝ овозможува на камерата да снима висококвалитетни видеозаписи и ја избегнува потребата од големи надворешни видеокамери. Иако снимање во форматот Pro Res е можно со видеокамера од трета страна и е добра опција, Patel „сакаше да види што може камерата да направи со новиот внатрешен RAW формат”.

Close up view of Canon EOS 200 video camera side view.

„Снимавме во 4K HDR”

продолжува Greaves, укажувајќи на постојано растечката потреба да се создаваат производи со сè повисока резолуција и повисок динамички опсег. „Можевме да снимаме RAW во камерата, што прави огромна разлика; не треба да монтирате уште една надворешна видеокамера. Го имате извонредниот сензор во C200 и добивате врвен изглед како на филм од мала камера”. Greaves, исто така, споменува дека камерата одлично ги доловува светлите тонови. „Таа нуди голем опсег за доловување на сите детали и на контрастот… има динамички опсег со петнаесет чекори, така што воопшто не требаше да ги прилагодуваме прозорците”.

Бидејќи ги има користено другите камери од оваа палета, кинематографот Patel се чувствуваше како дома. „Сè функционираше беспрекорно. Практичноста е од клучно значење и знаев каде се наоѓаат сите функции затоа што ја имам користено камерата C300”. Разликата меѓу C300 и C200 е страничното наместо задното поставување на влезовите за CFast-медиуми, што ги прави попристапни кога C200 е монтирана на ротирачки механизам за стабилизирање. Искуството на Patel со снимањето на Alfa Mist поттикна и други размислувања: „Снимам многу документарни филмови“, вели тој. „Сметам дека C200 би била одлична за користење додека патувате. Не ви требаат V-приклучоци и уште еден ранец… само ставете ги малите батерии во ранецот, а тие траат долго време”

Продуцентот Greaves ја поздравува флексибилноста на C200. „Од продуцентска точка на гледање, главната карактеристика се нејзините разновидни опции. Камерата е економична и работеше со нашата постојна опрема за обработка по снимањето без никаков проблем. Таа ни овозможува да го зголемиме квалитетот на сликата, можеме веднаш да снимаме во 4K RAW и сè е сместено во еден уред. За нас е совршена надградба на камерата C300, извонреден напредок од постојните модели од Canon. Според моето мислење, добро е што ја издадоа оваа камера.”

За да се вратите на прегледот на EOS C200 кликнете тука

Напишано од James Bennett, Televisual Media UK Ltd


Слично