Canon LEGRIA HF G70
Снимајте како професионалец со оваа 4K-видеокамера со CMOS-сензор од тип 1/2,3. Одликувајќи се со напреден автоматски фокус, оптички зум до 20x и стабилизација со 5 оски, таа е одличен избор за снимање јасни и прецизни видеозаписи.
Разбудете го режисерот во вас
Започнете ја вашата филмска кариера со извонреден 4K-квалитет. Компактната и лесна LEGRIA HF G70 нуди висококвалитетни 4K UHD-видеозаписи, објектив со оптички зум до 20x од Canon, напреден автоматски фокус, снимање забавени движења до 0,5x со Full HD-резолуција, снимање брзи движења до 1200x со 4K/Full HD-резолуција и проследување во живо со HD-резолуција со UVC1 преку USB-C-приклучок на компјутер.
Погледнете ги сите спецификацииВи ја претставуваме камерата LEGRIA HF G70
Спецификации
-
4K UHD / 25P
MP4 до 150 Mbps
-
20x оптички зум
29,3 - 601 mm
4K-објектив за зумирање со широк агол -
HD-обработка со прекумерно семплирање
Висококвалитетно снимање во Full HD
Го користи 4K UHD-сензорот за да создаде Full HD-слики со врвен квалитет -
Оптичка IS
IS со 5 оски
Напредна оптичка и динамичка стабилизација на слика -
Екран на допир
Екран на допир од 3,5 инчи
Едноставна контрола на фокусната точка и на камерата -
Аудио
Стерео микрофон со електрет кондензатор и мини приклучок од 3,5 mm за надворешни уреди
-
Два отвори
Два отвора за картички
SD-картички со истовремено снимање или снимање со пренасочување -
USB-C
Излез за проследување видео во живо преку Mac или компјутер1 Компатибилност и со GPS-приемникот GP-E2 од Canon
Верувајте му на 4K-сензорот од Canon
4K-сензорот и процесорот за слика DIGIC DV6 на камерата создаваат јасни и остри UHD-слики за 4K-телевизори, а решетката со 8 сечила создава дефокусирани светли тонови со филмски изглед. Обликувајте го кадарот на вашата снимка со 3,5-инчниот LCD-екран или држете ја камерата до вашето око и користете го вградениот EVF.
Добијте креативна контрола
Подобрете ги вашите филмови со динамички широки кадри и слики одблиску снимени со моќен оптички зум до 20x и напредна стабилизација на сликата. Приспособете ја камерата со пет копчиња на кои може да се доделат функции и користете ги вградените ND-филтри за да ја прилагодите експозицијата и да изберете пошироки решетки или помали брзини на блендата.
Брзо и прецизно фокусирање со функција за откривање лица
LEGRIA HF G70 има напреден и хибриден систем за AF со брзина на фокусирање што се прилагодува или за брз или за рамномерен AF. Поставете го фокусот со допирање за да ја одредите потребната AF-точка преку 3,5-инчниот LCD-екран. Ако ви треба уште поголема прецизност и практичност, особено во преполни опкружувања во кои сакате да го задржите субјектот во кадарот, достапни се функции за AF со откривање на лице и за следење лица, а рачниот фокус може да се контролира преку прстенот за контрола на објективот.
Снимање во MP4-формат
LEGRIA HF G70 го поддржува MP4-форматот за репродукција преку компатибилен телевизор. Исто така, снима во 4K UHD-резолуција со 150 Mbps и 25P, како и во Full HD-резолуција со 35 Mbps или 17 Mbps и 50P/25P.
Многу опции за снимање, мени за приспособена слика и избор на аудиосцена
Во многубројните излези и опции за снимање спаѓаат снимање забавени движења до 0,5x во Full HD-резолуција, снимање забрзани движења до 1200x во 4K/Full HD-резолуција и повеќе режими за сцени. Менито за приспособена слика овозможува усогласување на боите со други камери од Canon, а режимот за аудиосцена придодава аудиоснимки прилагодени според опкружувањето. Исто така, достапно е истовремено правење резервни копии и пренасочено снимање преку две SD-картички.
Што содржи кутијата
-
LEGRIA HF G70
-
USB-адаптер за напојување PD-E1
-
Батерија BP-820
-
Сенило за објектив со препрека за објектив
Дополнителна опрема
Батерија BP-828
Интелигентна литиум-јонска батерија со голем капацитет (2670 mAh) што се препорачува за долго снимање.
Батерија BP-820
Интелигентна литиум-јонска батерија со голем капацитет (1780 mAh).
Полнач за батерии CG-800
CG-800 е дополнителна опрема наменета за полнење на вашите батерии, без притоа да ја користите вашата видеокамера.
Телеконвертор TL-H58
Овој телеконвертор ги зголемува оптичките можности на камерата за 1,5x за да овозможи поголемо доближување до далечните објекти.
Широкоаголен додаток WA-H58
Овој широкоаголен додаток ги зголемува оптичките можности на камерата за 0,75x за да овозможи подобро снимање на многу широки сцени или снимање во тесни простории.
Далечински управувач RC-V100
Жичен далечински управувач за вашата камера што може да ги контролира сите функции на камерата.
GPS приемник GP-E2
GP-E2 нуди означување и евиденција со GPS што ќе ви помогне да откриете каде точно сте ги снимиле вашите слики.
Related products
-
Видеокамери
LEGRIA HF G50
Практична 4K-видеокамера што се одликува со сензор од тип 1/2,3, како и рачни контроли и врвна оптика за врвен квалитет на слика. -
Видеокамери
LEGRIA GX10
Раскажете ги вашите приказни со неверојатен 4k квалитет и креативна контрола на професионално ниво.
- Нема поддршка за излезен аудиосигнал преку USB.