Canon XA75
Професионална 4K-видеокамера со CMOS-сензор од 1,0 инчи. Одликувајќи се со Dual Pixel CMOS AF, оптички зум до 15x, стабилизација со 5 оски, 3G-SDI, HDMI-излез и UVC, оваа камера е создадена за разновидни работни процеси.
Снимете видео и раскажете ја вашата приказна
Снимајте висококвалитетни 4K UHD-видеозаписи со компактната камера XA75. Покрај неверојатната HD-обработка со прекумерно семплирање, Dual Pixel CMOS AF, објектив со оптички зум до 15x од Canon и проследување во живо со HD-резолуција со UVC1 преку USB-C-приклучок на компјутер, можете и да снимате висококвалитетни видеоматеријали во форматите XF-AVC или MP4.
Погледнете ги сите спецификацииСпецификации
-
4K UHD / 25P
MP4 до 150 Mbps и XF-AVC до 160 Mbps
-
15x оптички зум
Широк агол од 25,5 - 382 mm со 4K-зум (еквивалент на 35 mm)
-
HD-обработка со прекумерно семплирање
Го користи 4K UHD-сензорот за да создаде Full HD-слики со врвен квалитет
-
Оптичка IS
Напредна оптичка и динамичка стабилизација на слика по 5 оски
-
Инфрацрвени зраци
Снимајте висококвалитетни видеозаписи во услови со слаба или без амбиентална светлина со помош на режимот IR
-
Екран на допир
Лесна контрола на фокусната точка и камерата преку екранот на допир од 3,5 инчи
-
Звук со 4 канали
Linear PCM, 2 x XLR-приклучоци и вграден микрофон
-
Два отвори
Двата отвори за истовремено или пренасочено снимање преку SD-картичка
-
USB-C
Излез за проследување видео во живо преку Mac или компјутер1 или GPS-приемникот GP-E2 од Canon
Ви ја претставуваме камерата XA75
Компактна и професионална 4K UHD-видеокамера
Снимајте со неверојатен 4K UHD-квалитет и со извонреден Full HD-квалитет благодарение на 4K CMOS-сензорот од 1,0 инчи и процесорот за слика DIGIC DV6. HD-обработката со прекумерно семплирање создава Full HD-слики од сензорот.
4K-објектив со оптички зум со 15x
Објективот од Canon има опсег од 25,5 - 382 mm (еквивалент на 35 mm). Дигиталниот зум го зголемува опсегот до 300x со стабилизација на слика со 5 оски.
Брзо и прецизно фокусирање со функција за откривање лица
Приспособливата брзина на фокусирање и напредниот Dual Pixel CMOS AF овозможуваат брзо и прецизно фокусирање. Користете го 3,5-инчниот LCD-екран за да го одредите фокусот со допирање на потребната AF-точка. Функциите за AF со откривање на лице и за следење лица се достапни кога е поставен рачниот фокус преку прстенот за фокусирање/зумирање.
XF-AVC и MP4 за флексибилно снимање
Изберете XF-AVC-формат или MP4-формат за снимање. Снимајте во форматот XF-AVC со 4K UHD-резолуција, 160 Mbps и 25P, како и со Full HD-резолуција, 45 Mbps и 50P/50i/25P. За да добиете помали датотеки, снимајте во форматот MP4 со 4K-резолуција, 150 Mbps и 25P, како и со Full HD-резолуција со 35 Mbps или 17 Mbps и 50P/25P.
Многу функции за снимање
Во излезните опции спаѓаат и 3G-SDI, истовремено правење резервни копии и пренасочено снимање преку две SD-картички и инфрацрвен режим. Опциите за специјално снимање овозможуваат снимање забавени движења до 0,5x со Full HD-резолуција или забрзани движења до 1200x со 4K/Full HD-резолуција. Можно е усогласување на боите со други камери од Canon преку менито за приспособена слика.
Проследување во живо и многу повеќе
Проследувајте HD-содржини преку UVC1 користејќи компјутер или додавајте печат со датум и време користејќи ја функцијата за снимање со OSD. Двата XLR-приклучоци на отстранливата рачка и 4-каналниот Linear PCM нудат професионални опции за звук.
Што содржи кутијата
- XA75
-
Рачка
- USB-адаптер за напојување PD-E1
- Батерија BP-820
-
Сенило за објектив со препрека за објектив
-
Држач за микрофон
Регистрирајте ја вашата заинтересираност за XA75 од Canon
Слична дополнителна опрема
-
Батерија BP-828
Интелигентна литиум-јонска батерија со голем капацитет (2670 mAh) што се препорачува за долго снимање. -
Батерија BP-820
Интелигентна литиум-јонска батерија со голем капацитет (1780 mAh). -
Полнач за батерии CG-800
CG-800 е дополнителна опрема наменета за полнење на вашите батерии, без притоа да ја користите вашата видео камера. -
Телеконвертор TL-H58
Овој телеконвертор ги зголемува оптичките можности на камерата за 1,5x за да овозможи поголемо доближување до далечните објекти. -
Широкоаголен додаток WA-H58
Овој широкоаголен додаток ги зголемува оптичките можности на камерата за 0,75x за да овозможи подобро снимање на многу широки сцени или снимање во тесни простории. -
Далечински управувач RC-V100
Жичен далечински управувач за вашата камера што може да ги контролира сите функции на камерата. -
GPS-приемник GP-E2
GP-E2 нуди означување и евиденција со GPS што ќе ви помогне да откриете каде точно сте ги снимиле вашите слики.
Слични производи
-
XA70
Професионална 4K-видеокамера со CMOS-сензор од 1,0 инчи. Нуди Dual Pixel CMOS AF, оптички зум до 15x и стабилизација на слика со 5 оски, HDMI-излез и проследување преку UVC. -
XA65
Професионална 4K-видеокамера со CMOS-сензор од тип 1/2,3. Нуди напреден автоматски фокус, оптички зум до 20x и стабилизација на слика со 5 оски, 3G-SDI, HDMI-излез и проследување преку UVC. -
XA60
Професионална 4K-видеокамера со CMOS-сензор од тип 1/2,3. Нуди напреден автоматски фокус, оптички зум до 20x и стабилизација на слика со 5 оски, HDMI-излез и проследување преку UVC. -
XA50/XA50
Компактна 4K-видеокамера со CMOS-сензор од тип 1,0, Dual Pixel CMOS AF, објектив со оптички зум до 15x и 3G-SDI (само XA55)
Слични статии
Најдобри видеокамери од Canon: вашиот неопходен водич
Која е најдобрата професионална видеокамера од Canon за вашите потреби за проследување во живо, репортерство и деловни потреби?
Со што се карактеризира добрата камера за проследување во живо?
Од прецизен автоматски фокус до снимање квалитетен звук, откријте пет функции на камерите од Canon што ќе ви помогнат за успешна кариера во проследувањето во живо.
Емитувањето видео во живо е најважната карактеристика на новите производи
Од видеокамери до објективи за снимање, дознајте како екосистемот за емитување од Canon ја задоволува побарувачката за висококвалитетна продукција во живо.
Проследување предавања во живо
Подобрување на онлајн часовите со помош на камерите за проследување во живо од Canon и кинематографот Tania Hoser.
- Нема поддршка за излезен аудиосигнал преку USB