Прецизен
и
Сигурен
Автоматски фокус
За прв кај стандардните камери од Canon - XF405/XF400 се одликува со иновативното AF фокусирање со Dual Pixel CMOS од Canon, што овозможува рамномерни промени на фокусот и неверојатна прецизност.
Подобрено фокусирање со брз одзив
XF405/XF400 е мала, лесна и пренослива. Земајќи ги предвид нејзините можностите за снимање во 4K, фокусирањето мора да биде исклучително брзо и прецизно.
Dual Pixel CMOS AF - како функционира
Dual Pixel CMOS AF е технологија за автоматско фокусирање (AF) со откривање на фаза што се основа на сензорот и што е дизајнирана да овозможи фокусирање со рамномерно следење и високи перформанси и брзо автоматско фокусирање. Оваа уникатна технологија создадена од Canon користи две фотодиоди по пиксел за автоматско фокусирање кои ги комбинира при снимање видео.
На тој начин фокусот ја задржува прецизноста дури и кога објектите се движат, што е неопходно за снимање во 4K и овозможува поефикасно снимање со еден снимател.
Контрола преку екран на допир
Дознајте како екранот на допир на XF405/XF400 ви овозможува избирање на фокусни точки и следење.
Откривање на лице
Технологијата за AF со откривање на лице кај XF405/XF400 го задржува фокусот врз објектот и ви овозможува максимална контрола.
Водич за фокусирање со Dual Pixel технологија
Користејќи ја технологијата Dual Pixel CMOS AF за потврдување на рачниот фокус, графичкиот кориснички интерфејс кој за прв пат е вграден во камерите Cinema EOS посочува во која насока треба да се заврти прстенот за фокусирање на објективот за да добиете прецизен фокус.