Далечинско управување и мрежно користење

XF605 нуди опции за поврзување преку 12G-SDI, Wi-Fi и етернет што поддржуваат проследување преку IP во H.264, идеално за проследување во живо.

USB-излез за видео

Како прва професионална видеокамера од серијата XF што поддржува излезен видеосигнал (UVC) преку USB-C-приклучок, XF605 може да се користи како веб-камера. Поддржан е и протоколот USB PTP што овозможува увезување датотеки од камерата во компјутер.

Функции за далечинска контрола

Камерата XF605 е компатибилна со широк избор на решенија за жично и безжично далечинско управување. Таа го поддржува повеќефункционалниот далечински управувач RC-V100 од Canon и новата апликација Browser Remote што е оптимизирана за снимање со еден оператор со помош на паметен телефон или таблет. Компатибилните далечински управувачи, како што е RC-IP100, може да се користат и за управување со XF605 како дел од систем од повеќе PTZ-камери од Canon и одредени камери Cinema EOS.

XF605

Искористете ги предностите на апликацијата Content Transfer Mobile за да го поедноставите префрлањето преку мрежа или користете го вградениот Wi-Fi или приклучокот за етернет за да се поврзете со FTP-серверот.

Регистрирајте ја вашата заинтересираност за XF605 од Canon

Бидете првите кои ќе добиваат новости за XF605 од Canon, понуди од Canon, совети и водичи, најнови вести и покани за локални настани.

Слични статии

Дополнете ја вашата опрема за снимање со видеокамера

Режисерот Sébastien Devaud говори за важната улога што професионалните видеокамери XA и XF од Canon ја имаат во неговите продукции.

Мали димензии, моќни резултати: запознајте се со XA45 од Canon

Кинематограферот Peter Demetris ја тестираше професионалната камера XA45 од Canon при снимање музички спот - тука ни ги открива своите пет омилени функции.

EOS C70: запознајте се со новата камера Cinema EOS со RF-приклучок

Нов приклучок, нов дизајн, нови можности… Дознајте како компактната и моќна камера со формат Super 35 mm од Canon може да ги зголеми вашите креативни опции.

  1. Надворешниот изглед на XF605 од Canon што е прикажан на овие фотографии и видеосодржини може да се разликува од комерцијалниот производ.