Користејќи шест мастила базирани на боја, MegaTank-печатачите PIXMA G540 и PIXMA G640 создаваат фотографии со беспрекорен квалитет, особено врз сјајна хартија и хартија со текстура, со капацитет за печатење до 3.800 фотографии од 6x4 инчи, 3.700 страници со едно шише со црно мастило или 8.000 1 страници со комплет шишиња со мастила.
Одликувајќи се со неверојатно мали работни трошоци и практични функции, печатачит MegaTank од Canon се совршени за користење во домот, канцеларијата и за потребите на студентите. Тие користат вградени резервоари за мастило што се дополнуваат со шишиња со мастило за огромен обем на печатење наместо стандардни картриџи. Еден комплет шишиња со мастило овозможува печатење на илјадници страници, што значи дека со нив ќе печатите со месеци, а може и со години. Тоа придонесува и за помалку пластичен отпад, бидејќи нема да има потреба од често нарачување на резервни мастила.
Достапни се повеќе модели на печатачи MegaTank за да можете да изберете соодветен модел според вашите потреби и вашиот буџет. Кога станува збор за домашна употреба, без оглед дали сте студент, сопственик на мала компанија или родител кој се справува со потребите за домашни задачи, моделите од серијата PIXMA G нудат висока ефикасност, а ако брзината на печатење ви е приоритет, тогаш најбрзите модели PIXMA G3460 и PIXMA G2460 од палетата MegaTank ќе ви заштедат многу време. PIXMA G3460 има вграден Wi-Fi, исто како и PIXMA G3420 со поддршка за Cloud, за да ви овозможат да печатите од паметни уреди кога сте во движење.
Моделите PIXMA G2420, PIXMA G2460, PIXMA G3420, PIXMA G3460 и MAXIFY GX6040 се повеќефункционални 3-во-1 печатачи што ќе ви овозможат да печатите, копирате и скенирате, а моделот MAXIFY GX7040 нуди и функции за факс. Но, ако сакате да ги искористите само придобивките за долготрајно намалување на трошоците што ги нудат печатачите MegaTank, тогаш основниот модел PIXMA G1420 и новиот модел MAXIFY GX5040 од Canon опремен со многу функции ќе ви обезбедат самостојно решение за печатење без функции за скенирање и копирање.
Независно дали барате повеќенаменски печатач што е едноставен за користење за вашето семејство, сигурен уред со кој ќе ги исполните роковите за факултетските задачи или решение за печатење во голем обем со мали трошоци за вашата компанија, ние ќе ви дадеме шест причини зошто треба да набавите печатач MegaTank.