Преминот од паметен телефон на наменски фотоапарат е возбудлив скок на патот кон успехот на сите фотографи - учењето за експозицијата и композицијата и откривањето како малите промени во поставките може да имаат огромно влијание врз конечните слики.
Во овој водич за фотографирање за почетници, ќе ги обединиме сите информации што ќе ви бидат потребни за да снимате прекрасни слики. Ќе разгледаме зошто практичниот екосистем на фотоапарати, објективи и апликации од Canon е идеален за почетници и ќе ги објасниме основите за фотографирање што ќе ви помогнат да ги подобрите вашите дела.
ОСНОВИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ
Првите чекори во фотографирањето
Фотоапарати и објективи
Постојат две опции кога станува збор за премин од паметен телефон на наменски фотоапарат. Компактните фотоапарати, како што е фотоапаратот за снимање видеоблогови Canon PowerShot V10, се лесни и преносливи и имаат фиксен објектив, додека фотоапаратите со заменливи објективи, како што се EOS R100, EOS R50 и EOS R10, ви овозможуваат да користите голем број различни објективи. Повеќето фотоапарати со заменливи објективи се испорачуваат со стандарден повеќенаменски објектив, што е одлична опција за почетници, а ќе можете и да додавате нови објективи во вашата торба со опрема кога ќе почнете да експериментирате и да ги подобрувате вашите вештини. Постојат различни објективи за различни ситуации за фотографирање, па затоа треба да утврдите кој објектив е најдобар според вашите потреби пред да го купите, но и да проверите дали објективот е компатибилен со вашиот фотоапарат користејќи го водичот за компатибилност на објективите од Canon.
Без разлика дали сакате да фотографирате надвор на магливо утро или во вашата спална, осветлувањето е најважно за снимање квалитетни резултати што ќе ја одразат вашата замисла. Фотоапаратите имаат поголеми сензори за слика од паметните телефони, што значи дека можат да доловат подобри детали и помалку шум - особено при слаба светлина. Фотоапаратите од Canon користат сензори со две големини: APS-C и целосна слика. Сензорите за целосна слика се поголеми од APS-C-сензорите, но поголемото не е секогаш подобро. Бидејќи APS-C-сензорите се помали, фотоапаратите може да бидат покомпактни и полесни, што е идеално за улично фотографирање и фотографирање при патувања. Помалиот сензор овозможува далечните субјекти да изгледаат поголеми во кадарот, поради што фотоапаратите со APS-C-сензор се идеални за фотографирање спортови и диви животни. Сензорот за целосна слика има пошироко видно поле, па затоа фотоапаратите со сензор за целосна слика се идеални за пространи пејзажи, извонредно широки простории со архитектура и астрофотографија.
Фотоапаратите од основна класа од Canon нудат моќни функции, а се испорачуваат и со алатки за почетници што помагаат во пронаоѓањето на најдобрите поставки за најразлични сценарија. Интерфејсот на популарниот режим со објаснувања од Canon нуди објаснувања на екранот што ќе ви помогнат брзо да ги совладате основите. Иконите и сликите ќе ви помогнат да разберете што прават функциите, а навигацијата низ интерфејсот се врши преку копчињата или екранот на допир. Canon EOS R100 од основна класа има бело мени со режим со објаснувања и водич за функции, што прикажуваат корисни информации за режимот или функцијата што е избрана.
Посетете ја страницата за поддршка за производи од Canon и побарајте го моделот на вашиот фотоапарат за да преземете прирачници и водичи за корисници.
Експозиција и режими на фотоапаратот
Во фотографирањето има три важни фактори што влијаат врз изгледот на сликите: големината на отворот на објективот (решетката), колку долго е отворена блендата (брзина на блендата) и колку сензорот е чувствителен на светлина (ISO). Ова се трите страни на таканаречениот триаголник за експозиција. Освен ако не сакате намерно да ја направите сликата посветла или потемна, трите страни треба да бидат балансирани - ако промените еден фактор, ќе треба да ги прилагодите и другите за да направите компензација.
Откако ќе купите нов фотоапарат, прво треба да дознаете повеќе за вртливото копче за режими, што се наоѓа на горната страна, бидејќи со него може да изберете како ќе ја контролирате експозицијата.
A+ (автоматско интелигентно откривање на сцени) е целосно автоматски режим што ја анализира сцената и ги избира оптималните поставки. Режимот SCN (сцена) автоматски ги избира поставките за експозицијата според одреден субјект или сцена, овозможувајќи лесно фотографирање спортови, луѓе, огномети, слики одблиску и многу повеќе додека сè уште учите како функционира сè.
Режимот P (програма), исто така, е совршен за почетници, бидејќи фотоапаратот ги поставува решетката и брзината на блендата, но ги остава другите поставки на вас. Полуавтоматските режими Tv (приоритет на бленда) и Av (приоритет на решетка) ви нудат поголема креативна контрола. Како што асоцираат имињата, со режимот за приоритет на блендата ја избирате брзината на блендата, а фотоапаратот автоматски ги прилагодува другите поставки, што е практично за спортови и диви животни; а со режимот за приоритет на решетката ја избирате решетката, што е идеално за фотографирање портрети и пејзажи. Режимот M (рачен) ви нуди целосна контрола врз поставките на фотоапаратот, што може да го пробате кога подобро ќе го совладате триаголникот за експозицијата.
Поставки и техники
Поставките за експозицијата може лесно да ги прилагодите за различни сценарија, но најважно е да размислите што сакате да постигнете. За фотографирање диви животни и портрети најчесто се користи широка решетка (мал f-број како f/1,8) за да создадете мала длабочина на полето, а притоа да ја заматите заднината и да создадете ефект на дефокусирање (површини што не се во фокус).
При фотографирање спортови и движења, големите брзини на блендата ќе ги замрзнат движењата, а поместувањето на фотоапаратот со мала брзина на блендата може да се користи за заматување на субјектите и внесување возбуда во сликите. Кога станува збор за ISO, поголема чувствителност може да биде идеална за фотографирање на ноќното небо, а мала вредност на ISO се избира за намалување на нивото на шум при фотографирање пејзажи на изгрејсонце.
Балансот на белата боја (WB) е уште една поставка што може да ја прилагодите кај вашите слики. Таа ја одредува температурата на боите - колку топло или ладно изгледа амбиенталната светлина. Поставката за автоматски баланс на белата боја кај фотоапаратите со Canon EOS R-систем ќе се погрижи да доловите прецизни бои.
Исто така, може да изберете помеѓу рачен фокус (MF) и автоматски фокус (AF). Системите за AF на Canon се едноставни за користење, а голем број фотографи ретко преминуваат на MF. Рачниот фокус може да биде практичен доколку сакате да експериментирате со функцијата за издвојување со фокусот - визуелна помош што ги истакнува рабовите на фокусираните површини - при макро фотографирање или фотографирање во текот на ноќта.
Ако снимате слики во RAW-формат, тогаш не треба да се грижите доколку не добиете совршени слики при самото фотографирање, бидејќи ќе можете да ги уредите подоцна. За тоа е потребен наменски софтвер, како што е бесплатниот софтвер Digital Photo Professional од Canon, што ќе почнете да го користите сè почесто како што се подобруваат вашите вештини.
Апликации, софтвер и печатачи
Фотоапаратите со Canon EOS R-систем нудат опции за поврзување преку Bluetooth и преку вградениот Wi-Fi, а за нив се достапни и голем број апликации од Canon. Може да испраќате слики и видеозаписи директно во паметен телефон или таблет-уред со помош на апликацијата Canon Camera Connect, како и да фотографирате далечински и да ставате географски ознаки во фотографиите, за да се присетите точно каде сте ги снимиле. Апликацијата image.canon е дизајнирана да ги префрла вашите фотографии и видеозаписи од фотоапаратот во вашите омилени услуги за складирање на Cloud, во компјутер или во Adobe Photoshop Lightroom.
Екосистемот на Canon ги опфаќа и најдобрите печатачи за фотографии што печатат прекрасни материјали во домот или во движење, различни видови на хартија за фотографии и креативни проекти, како и софтвер што ќе ви помогне да ги направите вашите фотографии реални.
Зошто не се обидете да снимите автопортрет со помош на апликацијата Canon Camera Connect што нуди далечинско фотографирање. Дознајте како функционира автоматскиот фокус и експериментирајте со различни решетки за да дознаете како тие влијаат врз заднината. Фотографирајте го вашето дете или домашно милениче како трча во градината и експериментирајте со фотографирање движења. Режимот за спортска сцена е добра почетна точка за доловување брзи движења - преминете во режимот Tv за да создадете заматени движења или обидете се да го поместувате фотоапаратот за да ја заматите заднината. Тестирајте ги вашите новостекнати вештини со ноќно фотографирање во режимот за ноќни сцени или режимот P, и прилагодувајте ја вредноста на ISO за да дознаете какви разлики предизвикува. Штом ги совладате основите, креативните можности ќе бидат бесконечни.
- Adobe, Lightroom и Photoshop се заштитени трговски марки или трговски марки на Adobe во САД и/или други земји.
Слични производи
-
Фотоапарати без огледало
EOS R100
Создајте совршени спомени во извонреден квалитет со интуитивниот фотоапарат EOS R што е секогаш подготвен. -
Фотоапарати без огледало
EOS R50
Снимете ги вашите најдобри содржини со овој фотоапарат без огледало EOS R, од остри фотографии до 4K-видеоснимки и проследување во живо. Сè во еден наменски уред. -
Фотоапарати без огледало
EOS R10
Преземете ги следните чекори во фотографирањето и снимањето со фотоапаратот без огледало EOS R што е дизајниран со сензор со големина APS-C. -
Фотоапарати без огледало
EOS R8
Преминете на фотографии и видеозаписи во формат за целосна слика и остварете ги вашите креативни амбиции. -
Фотоапарати без огледало
EOS R7
Истражете ја дивината со фотоапарат што нуди неверојатна брзина и квалитет на слика во преносливо APS-C-куќиште дизајнирано за иднината.