Четири начини за попаметно печатење и управување со вашите трошоци за печатење со печатачите PIXMA и MAXIFY од Canon

Дознајте како да заштедите пари на печатењето со Canon PIXMA. Погледнете совети за избирање на совршениот печатач за вашите потреби, вклучувајќи ги и моделите MegaTank со резервоари за мастило кои се дополнуваат.
Печатач Canon PIXMA на работна маса во канцеларија.

Управувањето со трошоците е неопходно за малите компании, хонорарците и сите кои имаат домашна канцеларија. Печатењето можеби не изгледа како очигледно место каде што може да заштедите пари, но може да биде изненадувачки голем потрошувач на ресурси доколку не се управува паметно. Canon нуди палета на печатачи, алатки и услуги дизајнирани да ви помогнат во намалувањето на трошоците без загуби во квалитетот или ефикасноста.

Продолжете да ги читате советите, вклучувајќи ги мислењата на специјалистот за производи Zubair Rahim од Canon, за да дознаете како да преземете контрола врз вашиот систем за печатење и како да заштедите пари на печатењето - дознајте и за едни од најдобрите печатачи за мали компании и прочитајте совети за избирање на соодветниот печатач.

Печатач Canon MAXIFY на модерна дрвена маса, опкружен со канцелариски материјали, компјутер и шишиња со мастило.

Canon MAXIFY GX7040, еден од печатачите од серијата MegaTank на Canon, нуди печатење во голем обем - и шишиња со мастила кои се дополнуваат, за ефикасна продуктивност во канцелариите.

1. Изберете го соодветниот печатач за вашите потреби - и за вашиот буџет

Кога станува збор за намалување на трошоците или за пронаоѓање евтини решенија за печатење, печатачот кој ќе го изберете може да направи голема разлика.

„Прво нешто што треба да се земе предвид е вашиот буџет“ - објаснува Zubair. „Ако сакате да имате помали трошоци на почетокот, тогаш печатачите со картриџи, како што се серијата Canon PIXMA TR4755i или Canon PIXMA TS7750i, се одлични за почеток. Ако сакате да инвестирате повеќе на почетокот, тогаш моделите MegaTank, како што се PIXMA G1430 или MAXIFY GX3040, се одлична инвестиција. Благодарение на нивните резервоари за мастило кои се дополнуваат, овие печатачи генерираат значително помали трошоци со тек на време.

„Ако сакате уште поголема ефикасност, тогаш економичниот режим, кој е достапен кај печатачите MegaTank, ќе ви овозможи да печатите до 1,5 пати повеќе страници во однос на стандардниот режим“ - додава Zubair. „Тоа ги прави идеални за компании кои печатат многу, но сакаат да ги намалат работните трошоци“.

Друг важен фактор е функционалноста. „Дали ви треба скенер или факс, или сакате само да печатите?“ - прашува Zubair. „Печатачите со една функција, како што се Canon PIXMA TS705a или PIXMA G1430, се совршени за корисници кои немаат потреба од дополнителни функции и сакаат да имаат помали трошоци на почетокот. Од друга страна, повеќефункционалните модели, како што е MAXIFY GX7040, се идеални за мали канцеларии кои имаат задачи и за печатење и за скенирање“.

Најважно е да изберете соодветен печатач според вашите специфични потреби, а притоа да заштедите пари со избирање модели кои ги имаат само функциите кои ви се потребни - водејќи сметка да имате доволен капацитет за вашиот обем на работа.

Слика одблиску од отворот за резервоари за мастило на печатачот Canon MegaTank, каде што се прикажани резервоарите за живописни мастила во цијан, магента и жолта боја кои лесно се дополнуваат.

Палетата Canon MegaTank го олеснува печатењето со технологијата за резервоари за мастило кои се дополнуваат, која овозможува печатење во голем обем и создава живописни и долготрајни отпечатени материјали.

2. Направете правилен избор за мастила и хартии

Ако барате ефикасно печатење за домашна канцеларија, мастилата имаат многу поголема улога во заштедите на долг план отколку што мислите. Палетата Canon MegaTank, дизајнирана за голем обем на печатење, е предводник во оваа класа.

„Печатачите MegaTank се специјално наменети за оние кои имаат потреби за печатење во голем обем. Овие модели се дизајнирани за печатење голем број страници, а во комбинација со економичниот режим, тие нудат максимална ефикасност“ - вели Zubair. „На пример, некои модели може да отпечатат до 21.000 страници во боја со цел комплет шишиња со мастила во економичниот режим“.1

Кај печатачите со картриџи, XL-картриџите за мастило од Canon нудат уште еден начин за намалување на трошоците. „За XL-картриџите за мастило треба да платите малку поскапо на почеток, но тие нудат повеќе страници по картриџ, што ги прави подобра опција на долг план за корисници кои често печатат“ - објаснува Zubair.

Иако хартијата можеби не е најголем трошок, користењето погрешен вид на хартија може да создаде лажно намалување на трошоците и ќе ве спречи да ги добиете најдобрите резултати.

„За поспецифични задачи, како печатење фотографии или визит картички“ - вели Zubair, „палетата на креативни медиуми од Canon, како што се двостраната мат хартија или хартијата за фотографии, нуди одлични резултати“.

Една од придобивките од користењето оригинални мастила и хартии од Canon е комбинацијата од ефикасни системи за мастила и соодветна хартија. Дизајнирана за непречена работа, оваа комбинација ќе ви овозможи да ги намалите трошоците и да добиете висококвалитетни резултати истовремено.

Печатач Canon PIXMA на маса, поврзан со паметен телефон преку апликацијата Canon PRINT за безжично печатење.

Користете ја апликацијата Canon PRINT за лесно безжично печатење, следење на нивоата на мастилата и далечинско управување со компатибилни печатачи.

3. Искористете ги придобивките кои ги нудат апликациите за печатење од Canon

Апликациите за печатење од Canon не се само практични - тие се моќни алатки за управување со трошоците и зголемување на продуктивноста. Применувајќи функции дизајнирани за заштедување време и минимизирање на непотребното трошење на материјалите, овие апликации нудат беспрекорно и ефикасно печатење.

Zubair објаснува: „Со користење на апликациите од Canon може да го поедноставите вашиот работен процес и да избегнете непотребни чекори. На пример, може да скенирате документ директно во споделена папка на Google Drive™, кој веднаш ќе стане достапен за вашиот тим“.

Апликација Canon PRINT
Оваа апликација е достапна за iOS и за Android и овозможува печатење преку вашиот паметен уред и пристап до сите функции на вашиот печатач.

Таа ви овозможува да ги следите нивоата на мастилата за да избегнете купување премногу залихи или неочекувано целосно трошење на материјалите. Исто така, може да извршувате задачи за одржување како што е чистењето на главата на печатачот, што може да ја подобри ефикасноста. Може дури и да печатите директно од Cloud-услуги како Google Drive™ или Dropbox™.2

Easy-Layout Editor
Оваа апликација ви помага да го поставите вашиот распоред за печатење со голема прецизност, овозможувајќи избор на правилни големини и ефикасна употреба на хартија и мастила. Независно дали комбинирате повеќе датотеки во едно печатење или создавате приспособени распореди за презентација, таа ќе ја елиминира потребата од пробно печатење.

Easy-PhotoPrint Editor
Оваа апликација е совршена за креативни проекти и ви овозможува да го приспособувате печатењето фотографии, календари и други содржини без напор, за да ги отпечатите сите материјали како што сте замислиле.

Жена седи на работна маса и користи лаптоп за да дизајнира постер, на масата има печатач Canon MAXIFY.

Трансформирајте го вашиот работен простор во креативно катче со Canon. На пример, вашите креативни идеи за постери може да ги реализирате со Canon PosterArtist и печатач Canon MAXIFY, кој е совршен за печатење висококвалитетни материјали со голем размер.

4. Користете го вашиот печатач креативно за да ги намалите трошоците на деловното работење

Оние кои сакаат да бидат креативни може лесно да дизајнираат и печатат рекламни материјали самостојно, користејќи апликации како Easy-PhotoPrint Editor и бесплатната веб-апликација Canon PosterArtist.

„Користењето на PosterArtist е исто како да имате свој тим за дизајн“ - вели Zubair. „Апликацијата е многу практична за мали компании кои имаат потреба од создавање долгнавести реклами, менија или летоци без соработка со надворешни партнери“.

Со искористување на моќта на овие апликации, како што е PosterArtist, не само што ќе ги намалите трошоците за материјали, туку и ќе заштедите време, што е непроценливо за сите компании. Давањето задачи за печатење рекламни материјали, фотографии или промотивни материјали на надворешни соработници може да биде многу скапо. Ако го користите вашиот печатач од Canon на креативен начин, тогаш ќе можете самостојно да ги извршувате овие задачи и да заштедите многу пари.

„Многу мали компании не сфаќаат што сè може да направи нивниот печатач“ - посочува Zubair. „Летоци, постери, сертификати - сè што ќе посакате. Печатачите од Canon, особено моделите MegaTank и GX, создаваат материјали од професионална класа за само дел од трошоците за соработка со надворешни партнери“.

Алатките од Canon, кои се достапни на неколку јазици, го олеснуваат овој процес уште повеќе. „Со Canon PosterArtist, на пример, може да создавате прекрасно дизајнирани рекламни материјали користејќи шаблони приспособени за деловни корисници“ - вели Zubair. „Тоа е одличен начин да добиете професионални резултати без дополнителни трошоци за најмување дизајнер или печатач“.

Ако размислите подобро, може да извлечете повеќе од вашиот печатач и да ја намалите зависноста од услугите од трети страни.

Зошто не почнете да печатите попаметно?

Намалувањето на трошоците за печатење не значи загуби во квалитетот или отстапки. Со иновативните печатачи, апликации и алатки од Canon може да заштедите пари и да ја зголемите ефикасноста со само неколку промени во вашиот систем.

„Најважно е да ги усогласите вашите ресурси и опрема според вашите специфични потреби“ - заклучува Zubair. „Независно дали сакате модел MegaTank со голем капацитет или креативни апликации за дизајнирање рекламни материјали, Canon ќе ви понуди решенија кои ќе ви помогнат да ги намалите трошоците и да го искористите вашиот буџет максимално“.

Како да заштедите пари на печатењето: ЧПП

Оригиналните потрошни материјали од Canon нудат супериорен квалитет и ефикасност, кои помагаат во намалување на непотребното трошење на материјалите и ги минимизираат трошоците на долг план.

Во палетата на Canon спаѓаат печатачите MegaTank за печатење во голем обем и моделите PIXMA за повеќенаменска секојдневна употреба.

Да, печатачите MegaTank имаат резервоари за мастило кои се дополнуваат, што значително ги намалува трошоците за печатење по страница, во споредба со стандардните картриџи за мастило.

Земете ги предвид фреквенцијата, обемот и видот на материјалите кои ги печатите. Canon нуди модели кои се приспособени за различни потреби, од повремено до обемно печатење.

John Marshall

Слични производи

  • Печатачи MegaTank

    PIXMA G1430

    Печатете брзо и ефикасно во домот со овој печатач со резервоари за мастило што се дополнуваат
  • Печатачи за во домот

    PIXMA TS705a

    Искористете ги придобивките од врвните опции за поврзување и големиот капацитет за хартија сместени во компактен и достапен пакет.

    Инк-џет печатачи | Серија PIXMA TR4755i

    PIXMA TR4755i (Black) [Црна]

    Идеален за домашни канцеларии, овој 4-во-едно печатач нуди спој од опции за поврзување и продуктивност и е компатибилен со PIXMA Print Plan
  • Печатачи за во домот

    PIXMA TS7750i

    Брз, висококвалитетен печатач што беспрекорно се вклопува во вашиот дом благодарение на неговата компактна големина и едноставното користење.
  • Печатачи MegaTank

    MAXIFY GX7040

    Со овие печатачи за големи количини MegaTank со резервоари за мастило што се дополнуваат ќе добивате документи со деловен квалитет секојдневно со просечна заштеда од 90% на вкупните трошоци за користење во споредба со 10-те најдобри ласерски и инк-џет печатачи.

Слични статии

Печатачи MegaTank за деловно работење

Како квалитетот и ниските работни трошоци на печатачите MegaTank може да го подобрат деловното работење.

Canon PosterArtist

Брзо, лесно и бесплатно создавајте професионални дизајни на постери.

Најдобрите печатачи за домашни канцеларии

Работењето од дома е беспрекорно со печатачите Canon PIXMA и MAXIFY.

Најсоодветната апликација за печатење од Canon за вас

Бидете креативни и организирани со апликациите за печатење од Canon – има апликација што соодветствува на секој проект.

  1. Приближен обем на отпечатени страници, кој важи за следните модели на MAXIFY GX: MAXIFY GX3040, MAXIFY GX4040, MAXIFY GX5040, MAXIFY GX6040, MAXIFY GX7040. Потрошувачката на страници претставува вредност што е пресметана врз основа на посебен метод за тестирање на Canon, користејќи ја симулацијата за континуирано печатење и табелата за бои ISO/IEC 24712 со резервни шишиња со мастило по почетното поставување. Потрошувачката на страници може значително да се разликува во зависност од содржините што се печатат и други фактори.
  2. Google и Google Drive се заштитни знаци на Google LLC и оваа веб-страница не е поддржана од или поврзана со Google на каков било начин. Dropbox е регистриран заштитен знак на Dropbox, Inc.