Canon EF 70-200mm f/2.8L IS III USM
Овој објектив им е омилен на професионалните фотографи: брз, флексибилен и создаден за секаква намена.
Неопходен телефото објектив за професионално фотографирање
Модерен класичен објектив: овој објектив со телефото зум и брза решетка е омилен избор на фотографи од сите жанрови. Сега нуди уште подобри перформанси при силна светлина и дизајниран е да се користи во најтешки услови.
Погледнете ги сите спецификацииУживајте во дополнителна креативна контрола
Максималната решетка f/2,8 на објективот овозможува лесно издвојување на остро фокусирани објекти наспроти рамномерно заматена заднина.
Слаба осветленост? Нема проблем
Стабилизацијата на слика со 3,5 чекори нуди заштита од тресење на фотоапаратот. Брзата решетка f/2,8 пропушта двојно повеќе светлина од објективите со f/4
Врвен квалитет на слика
Флуоритот и UD-оптиката овозможуваат создавање на висок контраст и одлична резолуција. Подобрените слоеви на објективот спречуваат одблесоци и отсјај.
Изработен според строги стандарди
Заштитните заптивки нудат заштита од прав и влага, а предните и задните елементи со слој од флуор можат лесно да се чистат.
Брз и речиси нечуен автоматски фокус
Прстенестиот USM мотор фокусира со неверојатна брзина. Прилагодувајте ги параметрите рачно во секое време со вртење на прстенот за фокусирање.
Спецификации
-
Разновиден опсег на зумирање од 70-200 mm
-
Стабилизација на слика со 3,5 чекори
-
USM автоматски фокус
-
Опсег на решетката f/2,8-32
-
Минимално фокусно растојание од 1,2 m
-
Заштитен од прав и влага
-
Дијафрагма со 9 сечила
-
Тежина: 1480 g, диј. x должина: 88,8x199 mm
Што содржи кутијата
-
Објектив EF 70-200 mm f/2,8L IS III USM
-
Сенило за објектив ET-87
-
Торбичка за објектив LZ1326
Можеме ли да ви помогнеме да го изберете вашиот следен објектив?
Нашата алатка за избирање објективи ќе ви ја прикаже целата наша палета на објективи и ќе ви помогне да го пронајдете објективот кој совршено ќе ви одговара вам и на вашиот фотоапарат EOS.
Широкоаголни објективи
Дополнителна опрема
Сенило за објектив ET-87
Спречете ја залутаната светлина да навлезе во објективот, за да не ги уништите фотографиите со несакани одблесоци.
Торбичка за објектив со патент LZ1326
Заштитна мека торбичка за одредени EF објективи.
Поврзани производи
-
EF 24-70mm f/2.8L II USM
Професионален објектив за зумирање од серија L за секојдневно користење кој нуди висок квалитет на слика и фиксна решетка од f/2.8. -
EF 70-200mm f/4L IS II USM
Патувајте со лесна опрема благодарение на објективот со телефото зум од професионална класа што е создаден за преносливост и перформанси. -
EF 100-400mm f/4.5-5.6L IS II USM
Професионален објектив за зумирање од серија L за фотографирање спорт и животот во дивината, со стабилизација на слика и ASC слој за извонредна острина.